Суплементација

WHEY ПРОТЕИНИ – СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ

Whey протеин, или познат како протеин добиен од сурутка е еден од најпопуларните напитоци помеѓу рекреативците, аматерите и професионалните спортисти но и помеѓу оние кои сакаат да внимаваат на нивното здравје и убавина. Whey протеинот е достапен во повеќе облици, почнувајќи од прашкаста материја па се до течна состојба. Протеинот од сурутка е достапен во скоро сите прехранбени производи започнувајќи од храната за бебина па се до сите останати прехрамбени продукти.

Популарноста на овај производ (протеинот од сурутка) значително е зголемена во изминатите неколку години бидејќи е заслужен за додавање на мускулна маса, одржување на мускулна маса но и за намалување на килограмите (одлична замена за високо калоричен оброк). Овие факти го прават доста интересен и за повеќето научници, лекари, нутриционисти, тренери, атлети и бодибилдери. Па затоа и сам по себе е еден од „најозборуваните“ додатоци во исхраната.

Бодибилдерите овај додаток во исхраната го користат во големи количини, водејќи се по тоа дека овај извор на протеини е најдобриот избор на протеини кој можеме да го внесеме, а тоа го потврдуваат и големиот број на научни истражувања и научни студии кои исто така му даваат голема важност на овај производ од сурутка.

НАУЧНИ ИСТРАЖУВАЊА

Истражувањата потврдуваат дека бодибилдерите и спортистите имаат поголема потреба за протеини, или 1.5 грама протеин до 2.2 грама протеин по еден килограм телесна тежина.

ШТО ТОА ЗНАЧИ?

Сите оние кои зад себе имаат тешка физичка активност (поготово оние кои тренираат во теретана) имаат голема потреба за внес на протеини бидејќи растот на мускулите е директно поврзан со внесот на протеини, а без внесување на потребниот број на протеини мускулите нема да растат.

*Внесот на протеини можете да го пополните преку повеќе извори на храна, но доколку ги земеме сите научни истражувања, нивните нутритивни вредности, нивната нутритивна состојба тогаш веј протеинот е еден од најидеалните извори за внес на квалитетни протеини.

ЗОШТО ВЕЈ ПРОТЕИНОТ Е ИДЕАЛЕН ВНЕС НА ПРОТЕИН?

1. Го зголемува опоравувањето на мускулите

Протеините од сурутка се најголем извор на есенцијални аминокиселини. Есенцијалните амино киселини се оние кои нашето тело не може да ги произведи самостојно, па затоа е потребно секојдневен внес во организмот преку исхраната, Whey протеините се богат ивор на BCAA аминокиселини (разгранет синџир на аминокиселини); leucine, isoleucine и valine.

2. Анти-катаболична функција

Whey протеините се богат извор на аминокиселини; содржат таурин кој делува на волуменот на мускулите на разни станици, исто така веј протеинот е богат со глутамин кој содржи одприлика 60% од сите слободни аминокиселини во телото. Гутаминот има витално значење при изградбата на мускулна маса, кој ги прави останатите аминокиселини „сложни“.

*Ако не внесувате доволна количина на глутамин преку исхраната, вашето тело го исцрпува од мускулното ткиво.

3. Го зајакнува имунитетот

Веј протеините содржат специфични антитела, познат како имуноглобулин, која има своја важна улога во имунолошкиот состав на организмот. Имуноглобукините се „големи“ протеини во облик Y кои се произведуваат воглавно во плазна станиците кои имунолошкиот состав ги користи за неутрализација на патогените како што се патогените бактерии и вируси. Што значи појачаниот внес на овие антитела го зајакнува имунитетот на организмот, односно неговата заштитна бариера која штити од болести.

4. Биолошка вредност

Веј протеинот е лесен за обработка, што значи дека лесно и брзо завршува во крвотокот, во споредба со другите облици на протеин веј протеинот има највисока стапка на обработка во организмот. Whey протеинот е биолошки по вреден од сите останати извори на протеин, а има и висока биодостапност, односно искористливост од страна на организмот.

БИОЛОШКА ВРЕДНОСТ НА ПРОТЕИНИТЕ

– Веј протеин изолат (WPI) – изолат протеин од сурутка – 159
– Веј протеин концентрат (WPC) – коцентрат протеин од сурутка – 104
– Јајца – 100
– Млеко – 91
– Пилешко бело месо – 79
– Казеин – 77
– Соја 74

* Извор E. Renner “Milk and Dairy Products in Human Nutrition”

ЗАКЛУЧОК:
– Веј протеинот е еден од најевтините и најквалитетните производи во исхраната кои имаат важна улога во функционирањето на нашиот организам и градењето на мускулна маса. Наша препорака за најквалитетен веј протеин во Македонија е Shadow Whey Protein Isolate – достапен во продавниците на TheStrongestShop.mk

Линк со целосната понуда: https://eshop.thestrongest.mk/index.php?route=product/product&path=207_216_219&product_id=882

Превземено од thehealthyfood.mk