Суплемент кој ви нуди амино киселини со разгранети ланци ( БЦАА) со перфектен 2:1:1 однос.
Највисок квалитет на амино киселини со разгранети ланци и оптимална доза на БЦАА – 5г есенцијални амино киселини ( Леуцин, исолеуцин, валин 2:1:1) во секоја порција и 5000мг леуцин во секоја порција.
– Го зголемува анаболизмот
– го подобрува опоравокот и осигура соодветна регенерација по тренингот.
Леуцин, исолеуцин и валин се три амино киселини со разгранети ланци од фамилијата есенцијални амино киселини, што значи дека телото не може да ги произведе и мора да се внесат преку храната.
Други есенцијални амино киселини се фенилаланин, метионин, триптофан, треонин и лизин, но леуцин, исолеуцин и валин задоволуваат околу 40% од телесните потреби за есенцијални амино киселини. Препорачано е да се конзумира 40мг леуцин по килограм телесна тежина дневно и 10-30мг по килограм телесна тежина од исолеуцин и валин.
За да ги задоволат овие потреби, FA Engineered Nutrition® создаде нова БЦАА формула која се вика Екстрим БЦАА 5000. Екстрим БЦАА 5000 е нов амино киселински продукт во форма на прашок за правење на пијалок кој содржи 5г од најквалитетните амино киселини со разгранети ланци (БЦАА – леуцин, исолеуцин и валин) со перфектен 2:1:1 размер.
Амино киселините со разгранети ланци се многу важни за мускулното ткиво за време на тренингот, ја зголемуваат анаболичката активност, го намалуваат катаболизмот и служат како гориво за активните мускули. За време на интензивен тренинг но и за секојдневните активности, телото кориси АТП молекули како извор на енергија. АТП се добива по процес на глукозна оксидација. Кога резервите на гликоген во муслулите се трошат, нивото на АТП опаѓа. Откако целиот гликоген ќе се потроши, телото се обидува да ги врати нивото на АТП со тоа што ќе ги деградира БЦАА до масни киселини. Во зависност од интензитетот на тренингот, БЦАА може да снабдат со 3-18% енергија. Бидејќи повеќето амино киселини во телото се сврзани, количината на слободни амино киселини кои можат да се користат како извор на енергија е ограничена.
БЦАА застапува со 35% од мускулната маса и тие се основен извор на енергија за време на долг и интензивен тренинг. Што е подолг и поинтензивен тренингот, толку повеќе се трошат резервите на леуцин, исолеуцин и валин. Леуцин може да биде оксидиран за енергира или претворен во глутамин и аланин, кои понатаму се користат за создавање на глукоза како енергетски извор. Исолеуцин и леуцин можат да бидат претворени со дехидрогеназа во оксо-кето киселини кои понатаму се користат во Кребсовиот циклус на реакции, водејќи до стварање на АТП. Но БЦАА не само што го инхибираат катаболизмот, туку и го стимулираат анаболизмот со зголемување на синтезата на протеини во мускулите. Високо ниво на леуцин стимулира испуштање на хормонот инсулин, кој води до зголемена апсорбција на БЦАА и намален мускулен катаболизам.
Исто така, БЦАА ја намалува акумулацијана на млечна киселина што му овозможува на телото ефикасна регенерација по тежок тренинг. Исто така, БЦАА го инхибира апсорбирањето на триптофан во нервното ткиво, што е корисно, бидејќи триптофанот го зголемува нивото на серотонин, кој е поврзан со нивото на замор. Со намалено ослободување на серотонин, можете да тренирате подолго без чувство на замор. Со оглед на сето тоа, Екстрим БЦАА 5000 суплементот, кој ви нуди 5г на слободни амино киселини со секоја порција – амино киселини кои не треба да бидат дигестирани и се брзо апсорбирани и пренесени до активните мускули – намалува мускулен катаболизам и ви помага да зголемите чиста мускулна маса. Широкиот спектар од апликациите на Екстрим БЦАА 5000 го прави перфектен БЦАА суплемент за професионални спортисти но и за рекреативци.
Екстрим БЦАА 5000. . Додаток во исхрана. Со засладувачи. Комплекс од разгранети амино киселини во прашок. Со вкус на портокал. Состав: Л-леуцин, Л-исолеуцин, Л-валин, регулатор на киселост (лимонска киселина), ароми, засладувачи ( сукралоза ), боја ( Е160а).
Специјален нутриционен суплемент кој ги задоволува телесните потреби по интензивен физички тренинг.
Нето тежина: 400 гр.
Мислења
Нема мислења за овој производ.