Услови и правила за користење на eshop.thestrongest.mk

Нашата веб адреса е: https://eshop.thestrongest.mk.

УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА eshop.thestrongest.mk

1. Генерални одредби

eshop.thestrongest.mk е современ веб сајт за електронска трговија кој е во сопственост на ДООЕЛ Д СТРОНГЕСТ ШОП Скопје (во понатамошниот текст: Д Стронгест Шоп).


Со овие услови за користење (во понатамошниот текст: Услови за користење) се дефинираат правата и обврските за користење на веб сајтот eshop.thestrongest.mk и неговите услуги и функционалности.


eshop.thestrongest.mk е веб сајт кој може да го користат сите физички и правни лица согласно овие Услови за користење. Корисниците кои сакаат да купуваат или продаваат преку eshop.thestrongest.mk треба да се регистрираат преку опцијата “Регистрација”, каде опцијата “Членство за купувачи” е наменета за регистрација на физички лица, а опцијата “Членство за компании” е наменета за регистрација на правни лица.


Купувањето преку eshop.thestrongest.mk е достапно за сите правни лица и за физички лица на возраст од 18 години или повеќе. Доколку имате најмалку 14 години, а сеуште не 18 години, можете да купувате преку eshop.thestrongest.mk, под надзор и согласност на Вашиот родител или старател кој се согласува со овие Услови за користење.


Продавањето преку eshop.thestrongest.mk е достапно за сите субјекти кои на правно дозволен начин се занимаваат со продажба на производи и услуги во традиционалната трговија.


Правото на користење на eshop.thestrongest.mk е лично на корисникот и не е преносливо на кое било друго лице. Корисникот е одговорен за заштита на доверливоста на неговата лозинка. Корисникот признава дека иако Интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на Д Стронгест Шоп и Д Стронгест Шоп не сноси одговорност за губење на податоци настанато при пренос на информациите преку Интернет. Иако цел на Д Стронгест Шоп  е eshop.thestrongest.mk да биде достапен 100% од времето, сајтот може да е недостапен од време на време поради било каква причина, вклучувајќи, без ограничување, рутински одржувања. Корисникот разбира и признава дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од контрола на Д Стронгест Шоп, пристапот до eshop.thestrongest.mk може да биде прекинат или суспендиран од време на време.


Внесувањето на информациите е автоматизирано преку соодветни електронски онлајн формулари на eshop.thestrongest.mk или API модули кои се поврзуваат со системите на корисниците. Со внесување и испраќање на информации од страна на корисникот, корисникот и отстапува право на Д Стронгест Шоп да ги објави тие информации на eshop.thestrongest.mk.


Д Стронгест Шоп не е одговарна за точноста, веродостојноста и содржината на информациите кои се внесени и објавени на eshop.thestrongest.mk од страна на корисниците, односно од страна на Д Стронгест Шоп во име и по налог на корисниците. За точноста, веродостојноста и содржината на информациите за производите/услугите кои се продаваат преку eshop.thestrongest.mk и за корисниците кои купуваат и/или продаваат преку eshop.thestrongest.mk одговара самиот корисник кој ги внел истите. 


Д Стронгест Шоп може да ги промени овие Услови на користење со пишан или електронски документ. Во таков случај, Д Стронгест Шоп ќе ги извести корисниците за промената на соодветен начин (вклучувајќи и начин на известување преку е-маил и начин на објава преку eshop.thestrongest.mk) не подоцна од 7 дена пред стапување во сила на промената. Секој корисник се согласува редовно да ја посетува eshop.thestrongest.mk за да дознае за такви промени.


Секој корисник сноси целосна одговорност за своите активности при користењето на eshop.thestrongest.mk. Исто така, секој корисник се согласува да ја обештети и нема да ја смета за одговорна компанијата Д Стронгест Шоп, нејзините одговорни лица и вработените за сите побарувања за отштета и трошоци, вклучувајќи трошоци за правно застапување, кои можат да произлезат од противзаконското користење и прекршувањето на Условите за користење на овој веб сајт од страна самиот корисник или друг корисник.


Секој регистриран корисник се согласува да добива нотификации на е-меил адресата со која е регистриран на eshop.thestrongest.mk. Нотификациите се поврзани со услугите на eshop.thestrongest.mk. Корисниците ќе добиваат нотификација на е-маил:

  • кога ќе им биде пратена порака преку интерниот систем на eshop.thestrongest.mk за испраќање и примање пораки, 
  • ако корисникот одбрал да следи производ ќе биде известен кога ќе има промена во информациите на тој производ, 
  • ако корисникот одбрал да следи компанија ќе биде известен за секоја активност на компанијата како додавање нов производ, менување на постоечки производ, поставување производ на промоција или на попуст, итн.,
  • кога ќе има ново барање за понуда, 
  • пред истекување на пакетот на членство,
  • кога ќе има нарачка за производ/услуга и сите пропратни акции околу нејзино подготвување, испраќање и превземање, итн. 


Исто така, секој регистриран корисник се согласува да добива директна пошта и билтени (newsletter) на е-меил адресата со која е регистриран на eshop.thestrongest.mk. 


Корисникот се обврзува во процесот на користење на услугите што ги обезбедува eshop.thestrongest.mk, на неговиот Сервер да не вчитува/префрлува и на ниту еден начин да не им разоткрива на трети страни Кориснички содржини – информација, податок, текст, звук, датотеки, фајлови, софтвер, видео, фотографии, графики, аудио материјали, комуникации, или кој било друг материјали или линкови кон материјали кои:

1.1. не се во согласност  со законодавството на Р. Македонија, важечките странски закони, Интернет етиката, заедничките прописи за пристојност и моралност;

1.2. се предмет на интелектуална сопственост на трети лица, освен со согласност со носителот на правото;

1.3. претставуваат комерцијална или професионална тајна или друг вид доверлива информација, чие откривање е забрането врз основа на договор, закон или акт на надлежен орган;

1.4. содржат информации за шифрите на други корисници или правата за пристап, без согласност на нивните носители, како и софтвер за пристап до таквите шифри или права;

1.5. содржат лични податоци за трети лица или кои било други информации заштитени со закон, освен во согласност со сите важечки барања за нивна заштита, процесирање и примена;

1.6. повикуваат или содржат елементи на насилство врз лица или животни, понижување на човековото достоинство, закани по животот и физичкиот интегритет на лица или животни;

1.7. прикажуваат несреќи и други сериозни инциденти или кривични дела;

1.8. имаат порнографска или експлицитна содржина;

1.9. изразуваат или повикуваат на дискриминација врз основа на пол, раса, националност, етничка припадност, државјанство, потекло, религија или верување, образование, убедување, политичка припадност, личен или јавен статус, инвалидитет, возраст, сексуална ориентација, брачна состојба, имотен статус или било кои други обележја, како и пропагирање на било која друга недемократска идеологија;

1.10. штетат на добрата репутација, чест или достоинство на трети лица;


1.11. имаат вулгарна или навредлива содржина насочена кон било кое лице;

1.12. повикуваат на насилна промена на уставниот поредок, извршување злосторство, лично насилство или поттикнуваат расна, етничка или верска омраза;

1.13. прикажуваат и поттикнуваат на однесување кое претставува опасност за заштитата на животната средина;

1.14. содржат информации кои поттикнуваат извршување на терористички активности и други теми поврзани со тероризам;

1.15. ги повредуваат правата на сопственост или легитимните интереси на  трети лица;

1.16. имаат слаб квалитет и нејасна содржина;

1.17. имаат големина која ја надминува максималната големина што е определена на eshop.thestrongest.mk веб-сајтот;


Доколку такви содржини бидат пронајдени од страна на Д Стронгест Шоп, истите ќе бидат веднаш избришани, а корисникот кој ги внел истите ќе може да биде блокиран од системот на eshop.thestrongest.mk.


Производите и услугите објавени на eshop.thestrongest.mk мора да бидат во согласност со соодветната важечка регулатива во Република Македонија. Во случај на спор товарот за усогласеноста на производите и услугите со позитивното законодавство на Република Македонија, товарот на докажување на усогласеноста паѓа на продавачот.


Д Стронгест Шоп има право да собира, складира, анализира и користи статистички податоци за користењето на eshop.thestrongest.mk со цел да ги извести своите клиенти, корисници, други странки, да ги објави на други медиуми, да ја провери веродостојноста на корисникот и да комуницира со корисникот во однос на услугите на eshop.thestrongest.mk. Меѓутоа, личните податоци за корисниците ќе бидат чувани како строго доверливи и нема да им бидат откриени на трети лица освен ако тоа е побарано според закон, или пак ако има судска наредба или друг задолжителен налог тоа да се направи.


Д Стронгест Шоп го задржува правото да ги провери информациите поднесени при регистрација на корисник, како и информации за секој внесен производ или услуга со цел да се провери нивната веродостојност. Доколку Д Стронгест Шоп смета дека информацијата не е валидна или пак не е во согласност со овие Услови за користење има право истата да ја избрише.


Д Стронгест Шоп го задржува правото да ги отстрани содржините објавени на eshop.thestrongest.mk кои се спротивни на позитивните законски прописи.


Бришењето на содржини од eshop.thestrongest.mk од страна на Д Стронгест Шоп во согласност со овие Услови за користење претставува ексклузивно право на Д Стронгест Шоп и истото нема да претставува основ за било какви права или барања на било кое трето лице.


Д Стронгест Шоп не е одговорна за настанување на било каква штета поради објавените информации за производот, услугата или корисниците регистрирани на eshop.thestrongest.mk.


Д Стронгест Шоп го задржува правото да додава, менува, надградува, укинува, стопира услуги или воведува услови за услугите на eshop.thestrongest.mk без претходно известување. 


Продажбата на производи и услуги преку eshop.thestrongest.mk подразбира право и обврска за почитување на Законот за заштита на потрошувачите на подеднаков начин како и при традиционалната продажба.

2. Купување преку eshop.thestrongest.mk

Купувањето преку eshop.thestrongest.mk се прави со клик на копчето НАРАЧАЈ СЕГА и со едноставно пополнувањето на формуларот за НАРАЧКА кој eshop.thestrongest.mk го генерира кога ќе биде избрана опцијата за купување. По испраќање на НАРАЧКАТА, купувачот најдоцна во рок од 1 работен ден ќе добие Нотификација со известување дали производот/услугата го има на залиха, како и со понуда на цена на производот/услугата, одобрен попуст на цената и износ на трошокот за испорака од продавачот (ако е избрана опција за испорака). На добиената Нотификација купувачот ќе треба да избере опција за потврдување или одбивање на понудата. Доколку купувачот не избере ниту една од опциите за потврда или одбивање во рокот наведен во таа нотификација, тогаш системот автоматски ќе ја смета нарачката за потврдена. 


Со потврдувањето на нарачка преку eshop.thestrongest.mk, купувачот заснова договор за купопродажба со продавачот на нарачаниот производ или услуга при што купувачот и продавачот се обврзани за негово исполнување согласно направената нарачка. Д Стронгест Шоп ќе се вклучи во ваквиот однос само во случај на добиено известување преку eshop.thestrongest.mk за постоење на проблем во остварувањето на договорот за купопродажба. Ваквото вклучување на Д Стронгест Шоп е на доброволна основа и мотивирано од идејата за унапредување на квалитетот и сигурноста на интернет продажбата. Во случај на вакво вклучување Д Стронгест Шоп ќе настојува да се постигне надминување на настанатиот проблем во согласност со применливите законски прописи, а посебно со Законот за заштита на потрошувачите. Д Стронгест Шоп ќе ги преземе сите дејствија во својата моќ со кои ќе може да придонесе за заштита на правата на корисникот како купувач, како и негово упатување на неговите законски гарантирани права. Ваквото вклучување на Д Стронгест Шоп не влијае на правото на корисникот на судска заштита.


Во рамки на своите заложби за заштита на правата на потрошувачите, како и унапредување на довербата во онлајн трговијата, Д Стронгест Шоп на корисниците како купувачи им ги гарантира следните права:

  • Право на враќање на производот во рок од 8 дена од приемот, во случај истиот да има недостаток или да не одговара на описот објавен за него на eshop.thestrongest.mk, при што трошоците за доставата и евентуалните други трошоци за враќањето ќе ги сноси продавачот и
  • Право на замена на производот во рок од 15 дена од приемот во случај истиот да има соодветен квалитет, но да да не му одговара на купувачот во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот, или од други причини, при што трошоците за доставата и евентуалните други трошоци за замената ќе ги сноси купувачот.


Можностите за враќање и замена ќе можат да се остварат само и единствено доколку производот биде вратен неупотребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и придружната документација која на купувачот му била дадена заедно со производот.


Правата на враќање и замена Д Стронгест Шоп ги гарантира само за оние договори за купопродажба за кои целокупната комуникација меѓу купувачот и продавачот се одвивала преку eshop.thestrongest.mk.

3. Правила за користење

  1. Не внесувајте линкови до други веб сајтови.
  1. Не пишувајте неоправдани ставови против конкуренцијата. Неоправдани и/или неквалификувани изјави можат да бидат избришани од страна на Д Стронгест Шоп.
  1. Не внесувајте информации, или на било кој друг начин не користете материјал кој е предмет на интелектуална сопствност или други ексклузивни права на трето лице без негово знаење и дозвола.
  1. Не внесувајте лични податоци кои се однесуваат на други луѓе, а без нивно претходно одобрување.
  1. Не рекламирајте, не промовирајте или на било кој друг начин не огласувајте туѓ производ или услуга.

4. Основни упатства и инструкции

Кога се регистрирате на eshop.thestrongest.mk:

  1. Внесете важечки податоци за Вашата или компанијата во која сте вработени. 
  1. Внесете и користете само легална, пристојна и искрена содржина.
  1. Ве молиме да следите “нетикета” кога внесувате податоци, односно советот е да не го пишувате целиот текст со големи букви или нерегуларен фонт.

 

Кога внесувате производ или услуга:

  1. Вашиот производ или услуга треба да биде поставен во категорија која најдобро го опишува (истиот во процесот на прегледување може да биде прераспореден во посоодветна категорија). Дозволено е да објавувате производ најмногу во 3 различни категории. 
  1. Производите кои се однесуваат на продажба мора да бидат во делот Производи на eshop.thestrongest.mk, а барањата за понуди во делот Барање за понуда. Барањата за понуди можат да бидат објавени најмногу во 3 категории. 
  1. Не е дозволено да се поставуваат исти производи од исти продавач повеќе од еднаш. 
  1. Не објавувајте производи или услуги кои не се дозволени за продажба според Законите во Македонија. Доколку такви производи или услуги бидат пронајдени од страна на Д Стронгест Шоп, истите ќе бидат веднаш отстранети. 

5. Политика на авторско право, трговска марка и интелектуална сопственос

Секое копирање, дистрибуирање, пренесување, или на друг начин модифицирање и користење на овој веб сајт без изречена писмена дозвола од Д Стронгест Шоп е строго забрането. Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршоци на авторските права, трговската марка или друга интелектуална сопственост и може да го доведе корисникот до граѓанска или кривична одговорност.


Д Стронгест Шоп не сноси одговорност доколку во користењето или на било кој начин во врска со користењето на eshop.thestrongest.mk корисникот изврши повреда на права од интелектуална сопственост на трето лице.