КОИ СМЕ НИЕ

Нашата веб адреса е: https://eshop.thestrongest.mk.

Доставувањето на било каква информација или содржина од страна на Корисникот е доброволно и е предмет на Условите за користење кои се составен дел на оваа Политика за користење и заштита наинформациите. (во понатамошниот текст “Политика”).

ПОЛИТИКА ЗА КОРИСТЕЊЕ И ЗАШТИТА НА ИНФОРМАЦИИТЕ НА ESHOP.THESTRONGEST.MK ВЕБ-САЈТОТ ('Политика')

1. Кои информации ги прибираме, како и за кои цели го правиме тоа

1.1.      Кориснички информации

The Strongest Shop има право да собира и користи податоци заКорисниците. Информациите со кои Корисникот може да се идентификува опфаќаатимиња, локација, адреса на е-пошта, како и сите други информации што Корисникотдоброволно ги внел или се предвидени при користење на Услугите на eshop.thestrongest.mkвеб-сајтот (достапни преку eshop.thestroongest.mk).


Во образецот за регистрација кој го пополнува Корисникот присклучување на договорот, The Strongest Shop јасно укажува на задолжителна илидоброволна природа за доставување податоци и последиците од одбивањето иститеда бидат доставени. Согласувајќи се со Условите за користење и оваа Политика,Корисникот се согласува дека корисничките информации може да се обработуваатсогласно предвиденото во нив.


Давањето на личните податоци кои се означени како задолжителни задоставување во соодветните електронски обрасци за регистрација на eshop.thestrongest.mkвеб-сајтот се неопходни за регистрација на Корисникот, а според тоа и запристап до Корисничките услуги за кои е потребна регистрација. Не доставувањетона овие информации претставува пречка за вршење успешна регистрација или основаза прекин на соодветната регистрација, еднострано од страна на TheStrongest Shop, согласно Условите за користење.


Покрај погоре наведените информации, The Strongest Shop има право(но не и обврска) автоматски да зачувува одредени информации кои компјутеротили терминалниот уред ги испраќа до Серверите на The Strongest Shop во врска соКорисничката активност. Информациите се чуваат во лог-датотеки на Серверите на TheStrongest Shop и може да опфаќаат информации за веб-страници на eshop.thestrongest.mkвеб-сајтот кои ги посетил Корисникот, веб-сајтови кои го пренасочиле Корисникотна The Strongest Shop веб-сајтот, веб-сајтови кои Корисникот ги посетил прекуЛинкови кое се презентирани на eshop.thestrongest.mk веб-сајтот, датум и времена тие посети, IP-адреса на Корисникот, тип на интернет прелистувачот што гокористи Корисникот, клучни зборови кои ги користи Корисникот при пребарување наThe Strongest Shop директориумот, бројот на корисници кои го виделе интернетогласот (банерот) на eshop.thestrongest.mk веб-сајтот, бројот на кликнувања наинтернет огласите (банерите) на eshop.thestrongest.mk  веб-сајтот, итн. Овие информации не сеповрзани со информациите што го идентификуваат индивидуалниот Корисник и секористи за истражување и следење на однесувањето на Корисникот, неговите навикии интереси, за да се анализира ефикасноста на рекламирањето, заради статистичкицели и заради подобрување на понудените Услуги. eshop.thestrongest.mk може даги чува и обработува овие информации во персонализирана форма заедно со другиинформации за Корисникот што тој ги доставил при регистрацијата или користењетона Услугите. Покрај тоа, eshop.thestrongest.mk собира лог-датотеки (датум,време и соодветно извор – IP адреси) кога тоа е според важечки закон, како илог-датотеки и сите други информации кои се неопходни за електронскарепродукција на изјавите што ги дава Корисникот при користење на услугите (например прифаќање на Условите за користење, итн), но и идентификација наКорисникот во случај на спор.


1.2.     
 Јавно достапни содржини. Корисничкисодржини


Корисничката содржина (која содржи или не содржи лични податоци),а која Регистрираниот корисник ја објавува на веб-сајтот, како и ситеинформации кои тој ги доставува при користење на Услугите (како што се имињата,локација, e-пошта, фотографии, телефонски броеви, датум на раѓање, информацииза профили во социјални мрежи, итн), се јавно достапни на eshop.thestrongest.mkвеб-сајтот и Корисникот се согласува со нивно откривање, едноставно со нивнотообјавување на eshop.thestrongest.mk веб-сајтот.


Заради избегнување сомнеж, eshop.thestrongest.mk нема никаква целда прибира, користи, чува или на друг начин да обработува лични или било којдруг вид информации кои се предмет на посебна заштита во согласност сопостоечката законска регулатива, преку корисничките содржини што Регистрираниоткорисник ги испратил на eshop.thestrongest.mk веб-сајтот, ниту пак да го следипостоењето на такви информации во нејзини рамки. Испраќањето корисничкитесодржини или какви било лични податоци или други информации кои таа ги содржи,на овој или било кој друг начин, кога Корисникот ги користи Услугите, е воцелост на негов сопствен ризик и одговорност. Со прифаќањето на Условите закористење и оваа Политика, Корисникот изјавува дека тој/таа е информиран, гиприфаќа истите и се согласува дека сите информации (вклучувајќи и личнитеподатоци) кои се дел од Корисничките содржини, објавени од негова/нејзинастрана или од неговата/нејзината Корисничка сметка ќе бидат јавно достапни досекој Корисник на eshop.thestrongest.mk веб-сајтот, како и до трети лица на коиThe Strongest Shop им обезбедува пристап до оваа Корисничка содржина или другиинформации, во согласност со предвиденото во Условите за користење и овааПолитика. Исто така, Корисникот изјавува и гарантира дека при објавување наКорисничка содржина или било која друга информација, тој/таа не ги повредуваправата на трета лица во врска со нивните лични податоци или други лични права,вклучително и дека тој/таа веќе има добиено согласност за објавувањето (до меракоја е потребна според постоечката законска регулатива).


eshop.thestrongest.mk ги прибира и ги користи информациите од став1.1 за целите кои се наведени во Условите за користење и оваа Политика, какошто се обезбедување на услуги, обезбедување пристап и контрола нанеговата/нејзината Корисничка сметка, исполнување на неговите обврски восогласност со закон, остварување и заштита на неговите/нејзините законскизаштитени права и правни интереси, понуда на стоки и/или нови услуги понудениод трети лица, промоции, барање за организирање, анкети и испитувања за статистичкицели.


1.3.     
 Услуги поврзани со трети страни


eshop.thestrongest.mk може да им овозможи на трети страни, какоFacebook, Inc, да објават на своите веб-сајтови јавно достапни содржини одпроизводи и фирми на eshop.thestrongest.mk веб-сајтот. Таквите содржини несмеат да содржат лични податоци и се ограничени само на информацииза правни лица.


Покрај тоа, по своја воља, Корисникот, на eshop.thestrongest.mkвеб-сајтот може да сподели (преку Facebook-услугата за поврзување, на пример)информации кои се јавно достапни на други веб-сајтови, вклучувајќи и информацииза поврзаност на Корисникот со други веб-сајтови (на пример, пријатели и листина контакти). Оваа политика не се применува за информации за Корисникот инеговите/нејзините пријатели кои се зачувани на други веб-сајтови. Собирањето,складирањето, заштитата и обработката на тие информации е предмет на условитена тие – други веб-сајтови. Доколку Корисникот не сака неговите/нејзинитепријатели, контактите и другите информации за Корисникот што се достапни надругите веб-сајтови да бидат достапни на eshop.thestrongest.mk веб-сајтот,тогаш Корисникот има можност да ги измени подесувањата за приватност нанеговата/нејзината сметка на другите веб-сајтови.


1.4.     
 Колачиња (Cookies)


eshop.thestrongest.mk има право (но не и обврска) на компјутеротна Корисникот или на други терминални уреди да инсталира колачиња – малитекстуални датотеки кои се зачувани на некоја Интернет страница преку интернетсервер на хард дискот на Корисникот и дава можност за обновување наинформациите за Корисникот бидејќи тие ги препознаваат сајтовите/страниците штонеговиот/нејзиниот терминален уред ги користи и/или пребарува.


При обезбедувањето на услугите, eshop.thestrongest.mk задржуваинформации и добива пристап до информациите и процесите кои се зачувани натерминалниот уред на корисникот со цел:  


1.4.1.  
 на Корисникот да му обезбеди нормален и квалитетен пристапдо Услугите, заедно со сите функционални можности; да провери присуство наскрипти, софтверски апликации и подесувања на терминалниот уред на корисникот,кои се неопходни за нормален пристап и користење на Услуги и да ги известинего/неа доколку ги нема;


1.4.2.  
 да следи и да се спречи користење на мулти-сметки(регистрирање и користење на повеќе Кориснички сметки од страна на истото лице)со злонамерни дејствија;


1.4.3.  
 визуализира и не-визуализира елементи од eshop.thestrongest.mkвеб-сајтот за кои има посебни барања кои се или не се компатибилни на одреденикарактеристики, квалитети или опции на терминалниот уред на Корисникот (например: широчина на екран, резолуција и други);


1.4.4.  
 да ги прилагоди Услугите и да обезбеди автоматскоприкажување или криење на различни елементи од eshop.thestrongest.mkвеб-сајтот, во согласност со желбите и подесувањата на корисникот;


1.4.5.  
 да ги рекламира и истражува преференците на Корисникот.


Колачињата кои ги користи eshop.thestrongest.mk не зачувуваатинформации (лични податоци) кои овозможуваат идентификација на корисникоткако физичко лице. Нивната намена е исклучиво да се идентификува користеното одстрана на прелистувачот и/или терминалниот уред на Корисникот.


Корисникот има право во секое време да го одбие зачувувањето и/илипристап до информациите кои се зачувани на терминалниот уред кој го користиКорисникот.


Забраната и/или бришењето на колачињата од страна на Корисникотможе целосно или делумно да му оневозможи на Корисникот да пристапи до eshop.thestrongest.mkвеб-сајтот и/или Услугите, да ги промени или отстрани преференциите штоКорисникот претходно ги поставил на eshop.thestrongest.mk веб-сајтот и/илизначително да го влоши квалитетот на Услугите, за што eshop.thestrongest.mk непрезема одговорност.


Корисникот има право во кое било време од eshop.thestrongest.mk дадобие информација за податоците кои се зачувани на неговиот терминален уред, соиспраќање прашање до eshop.thestrongest.mk на следната e-меjл адреса: thestrongestshop[at]gmail[dot]com(е-мејл адресата е напишана на овој начин со цел да не заштити од SPAM; Вемолиме заменете ги [at] со @, и [dot]со ‘.’)  
 

eshop.thestrongest.mk користи два вида на колачиња -“привремени” (кои се избришани од меморијата на терминалниот уред накорисникот кога корисникот го затвора интернет прелистувачот) и”постојани” (кои се зачувуваат на терминалниот уред на корисникотдодека тој /таа не ги избрише). Корисникот може да ги отстрани постојанитеколачиња според инструкциите на интернет прелистувачот што го користи.Колачињата што ги користи eshop.thestrongest.mk содржат идентификациски бројкој помага при идентификацијата на Корисникот.


Колачињата може да се инсталираат, исто така, и од страна на третилица со цел да се рекламираат стоки и услуги кои можат да бидат интересни заКорисникот кога тој/таа го посетува eshop.thestrongest.mk веб-сајтот и другитевеб-страници. eshop.thestrongest.mk нема пристап или контрола врзупотребата на колачињата. Овие колачиња, исто така, собираат информации заначинот на користење на eshop.thestrongest.mk веб-страница, како на пример којвеб-сајт го пренасочил Корисникот кон eshop.thestrongest.mk веб-сајтот, коиинтернет страници од eshop.thestrongest.mk веб-сајтот ги посетил Корисникот,информации за посетите на Корисникот на други веб-сајтови, но не прибираинформации како што се имиња, e-пошта адреси, други информации за контакти илидруги лични податоци кои би му овозможиле на некое трето лице да гоидентификува Корисникот и да стапи во контакт со него/неа.  

2. Со кого ги споделуваме вашите информации?

2.1.      Јавна содржина


eshop.thestrongest.mk има право на eshop.thestrongest.mkвеб-сајтот да дистрибуира и доставува јавно достапни содржини, вклучувајќи гисите Кориснички содржини на лица кои се поврзани на eshop.thestrongest.mk,неговите деловни партнери и сите други трети лица, а Корисниците разбираат и сесогласуваат дека тие трети лица можат да ја објават Корисничката содржина нанивните веб-сајтови или медиумски платформи. Тие треба да го посочат Корисникоткако извор на таа Корисничка содржина и на нивната сметка да прикажат и наведатјавно-достапни информации, како што се имиња и фотографии.


2.2.     
 Лица кои ги обработуваат податоците воиме на eshop.thestrongest.mk (Дата процесори)


Со цел да се изврши техничка поддршка и администрирање на eshop.thestrongest.mkвеб-сајтот и информациите да се обработуваат заради статистики и маркетингцели, при вршење тестирања и сондажи за работата на eshop.thestrongest.mkвеб-сајтот, кога се прават плаќања и се користат други услуги поврзани со eshop.thestrongest.mkвеб-сајтот, личните податоци и другите информации за Корисникот може да им сеоткријат и да се обработуваат од трети лица на кои The strongest Shop им јадоделил изведбата на одредени услуги поврзани со eshop.thestrongest.mkвеб-сајтот. Овие податоци ќе бидат откриени и соодветно обработени само доодреден степен и обем, кој е неопходен за да се изврши доделената работа.Соодветно на тоа, тие трети лица ќе дејствуваат како Дата процесори во име на eshop.thestrongest.mk.Дата процесорите се запознаени дека информациите што се предмет на Законот зазаштита на лични податоци.


Овие лица ќе бидат обврзани да ги обработуваат податоците само иединствено согласно строгите инструкции на eshop.thestrongest.mk и ќе немаатправо личните податоци на Корисниците да ги користат или обработуваат на којбило друг начин за други цели, освен за целите што се наведени во Условите закористење и оваа Политика.


2.3.     
 Директен маркетинг


Со прифаќање на Условите за користење и оваа Политика, Корисникотсе согласува неговите/нејзините лични податоци да се обработуваат за директенмаркетинг. Корисникот има право во секое време да се спротивстави напонатамошно обработување на неговите/нејзините лични податоци за директенмаркетинг, со испраќање писмено известување до eshop.thestrongest.mk нанаведената контакт адреса или е-пошта. Корисникот има право да биде информиранпред неговите/нејзините лични податоци за прв пат да се откријат на трето лицеили истите да се искористат во нивно име за директен маркетинг, како и да му седаде можност да се спротивстави на таквите откривања и употреби.


Со прифаќање на Условите за користење и оваа Политика, Корисникот изјавува дека тој/таа е информиран и се согласува eshop.thestrongest.mkда ги доставува и открива неговите/нејзините лични податоци на други контролорина податоците за маркетинг и рекламирање на територијата и вон територијата наземјите од Европската унија, кога тоа е во согласност со одредбите од Законотза заштита на личните податоци на Македонија. Корисникот има право во секоевреме да ја повлече својата согласност за понатамошно доставување на неговителични податоци на трети лица, на начинот што е опишан во овој член, погоре.


2.4.     
 Откривање на личните податоци


eshop.thestrongest.mk се обврзува да не открива какви било личниподатоци и други информации за Корисникот или за неговото/нејзиното користењена Услугите, како и да не ги открива прибраните податоци на трети лица -надлежни органи, компании, поединци и други, освен:


2.4.1.     
 кога тоа е предвидено во оваа Политика иливо Условите за користење или кога корисникот ќе даде јасна согласност вомоментот на регистрацијата или подоцна;


2.4.2.     
 кога тоа е потребно заради исполнување нанекоја законска обврска на eshop.thestrongest.mk;


2.4.3.     
 кога информациите ги бараат државнивласти, судски власти или службени  лица, кои согласно важечкиот закон сеовластени да бараат и прибираат такви информации во согласност созаконските процедури и прописи;


2.4.4.     
 кога откривањето на личните податоци одстрана eshop.thestrongest.mk е неопходно заради заштита на правата, правнитеинтереси и угледот на eshop.thestrongest.mk, т.е кога тоа е поврзано со лицатаод eshop.thestrongest.mk или Корисниците;


2.4.5.     
 кога информациите им се откриваат навработените или соработниците на eshop.thestrongest.mk заради активностиповрзани со администрирање на eshop.thestrongest.mk и  користење наУслугите;


2.4.6.     
 во други случаи утврдени со закон;

3. Како ги чуваме сигурни вашите информации?

3.1.      Политика за лица под 14години


eshop.thestrongest.mk веб-сајтот не е наменет за лица под 14години. eshop.thestrongest.mk нема за цел да прибира и обработува личниподатоци за лица под 14 години. Во случај лице под 14 години да ги доставилосвоите лични податоци без согласност на неговите/нејзините родители и/илистаратели, тие треба веднаш да го известат Д Стронгест Шоп.


3.2.     
 Сигурност


eshop.thestrongest.mk обраќа големо внимание на собирање, чување иобработка на личните податоци на Корисниците, со добра волја, во насока надобро утврдени, јасни цели и во согласност со Законот за заштита на личнитеподатоци на Република Македонија и други соодветни закони, доколку се работи затаков случај. Во таа смисла, eshop.thestrongest.mk ги презема сите соодветнитехнички и организациски мерки за заштита на личните податоци на Корисници одслучајно или незаконско уништување, губење, менување, откривање или неовластенпристап.