Порции во едно пакување: 75
Продуктот содржи врвен квалитет на бета аланин како КарноСин, збогатен со хистидин и витамин Б6. Препорачливо е за време интензивен и долг физички тренинг. Витаминот Б6 придонесува за нормален енергетски метаболизам, за нормален протеински и гликогенски метаболизам и придонесува во намалување на замор.
Состав: Бета аланин (како КарноСин), л-хистидин, витамин Б6 (Пиродоксин хидрохлорид)
Бета-аланин од Перформанс линијата е е производ за пред тренинг кој ви нуди бета-аланин во патентираната форма на КарноСин, збогатена со Л-хистидин и витамин Б6. Препорачлив е за возрасни лица кои се активни за време на најтешки, пролонгирани тренинзи за сила и издршливост.
Бета-аланин е компонента од дипептиден карносин (бета-аланил-Л-хистидин), кој се создава во скелетните мускули по природен пат, посебно во брзо-контактилните мускулни влакна од тип 2. Во природни услови во телото ја амортизира поврзаноста на намалувањето на ПХ вредноста во телото со создавање на лактати во мускулите за време на тренинг, одложувајќи го заморот и зголемувајќи го времето за тренинг. Количината на карносин која ќе ја произведат мускулите е директно зависна од количината на достапен бета-аланин, па суплементацијата со бета-аланин е многу важна за да се зголеми концентрацијата на карносин во мускулите. Истражувањата покажаа дека суплементацијата со бета-аланин, не само што го одложува заморот, туку и ја зголемува мускулната сила и издржливост.
Л-хистидин е од групата на егзогени амино киселини, кои телото не може само да ги синтетизира и мора да бидат внесени преку храната. Вклучен е во протеинска синтеза, и заедно со бета-аланин е претходник на карносин.
Витамин Б6 е витамин од Б групата, растворлив во вода и е инволвиран во многу клучни процеси, посебно важен за активните луѓе
• Придонесува во нормален енергетски метаболизам
• Помага во нормална функција на нервниот систем
• Придонесува во нормален протеински и гликоген метаболизам
• Помага во нормална продукција на еритроцити
• Помага во намалување на замор
Мислења
Нема мислења за овој производ.