Боди билдинг, Суплементација, Фитнес

Суплементи кои помагаат во зголемувањето на мускулна маса

За зголемувањето на мускулната маса, наша препорака се:

  • Протеините
  • Креатинот
  • BCAA.

Накратко да ви објасниме и зашто е ова нашиот избор.

Протеините се основната „алатка“ во исхраната кога целта е зголемување на мускулна маса.

Да видиме какви протеини има за да знаете кој да си го изберете вие.

Чист whey протеин – Создадене од млеко. Најбрзо варење и утилизација поради што предизвикува најголема синтеза на протеини споредена со другите протеини. Исто така содржи најголема количина на леуцин (амино киселина најбитна за синтеза на протеини). Конзумирањето на овој протеин е по Вашиот тренинг.

Whey изолат – разликата кај овој е во начинот на производство. При процесирање на изолтатот како што кажува името максимално се изолира протеинот со што добивате најголем процент на протеини и минимален процент на масти и хидрати и исто така има најмала количина на лактоза.

Овој тип на пртеин е најдобар кога лимитирате внес на хидрати и масти (намалување на вишокот на масти)

Протеински гејнер – Тој содржи голема количина на повеќе нутриенти (најголем фокус се дава на протеини и јагленихидрати) кои се перфектни за тие што немаат време за подготвување оброци и за оние што сакаат да внесат повеќе калории (а тоа да не е брза храна).

Во нашата понуда ги имам најдобрите Гејнери во Македонија (Anabolic Mass, Bad Ass Mass, Legendary Mass, Gold Lean Mass, Critical Mass, Game Changer Mass) кои покрај протеините и ј.хидрати, содржат креатин, амино киселини, трибулус, фенугреек итн…На пример во Anabolic Mass (нашиот најпродаван гејнер) добивате 8 состојки во една доза.

Овој протеин е најпогоден за оние кои имаа проблем да ја зголемат мускулната маса односно сакаат да ја зголемат мускулната маса за најкратко време.

Казеин – Исто е создаден од млеко како whey. Разликата е во брзината на дигестија. Бенефицијата од ова е тоа што овој протеин е совршен за пред спиење. Зошто? Затоа што кога спиеме сме долг период без храна овој протеин ќе делува и анаболички и анти-катаболички (спречува разградување на мускулите и предизвикува поголема синтеза на протеини што придонесува за раст на мускулите).

SLOW CASEIN

Вегански протеини – Погодни за сите кои не конзумираат млеко. При комбинација на различни растителни извори на протеини е направен погоден и квалитетен извор на вегански протеин.

Креатинот – Главна улога има во зголемувањето на продукцијата на Аденозин трифосфат (ATP) кој е главен извор на енергија на мускулите и други витални органи. Допринесува за подобар перформанс при вежбањето, а со тоа и подобри резултати за побрзо време.

Амино Киселини, од кои ќе ги одвоиме BCAA претставуваат комбинација од најважните амино киселини кои му се потребни на мускулот за раст и регенерација. Одличен додаток кој ќе го поткрепи и забрза вашиот процес на градење на мускулна маса.