Во овој дел ќе Ви објасниме и ќе Ве подучиме што може секој рекреативец да користи пред, за време и по тренингот. Суплементи за намалување на вишокот на килограми, зголемување на мускулната маса, за одржување на телото итн…
- На прво место секако се ПРОТЕИНИТЕ (whey протеините или изолатите, но и протеинските гејнери доколку сакате да ја големите мускулната маса). Најпопуларен е WHEY протеинот и е препорачан за секој. Доколку сакате да ги намалите вишокот на килограми се препорачува ПРОТЕИНСКИОТ ИЗОЛАТ (најголема количина на протеини и без масти и јаг. хидрати).
- АМИНО КИСЕЛИНИТЕ – а како најпопуларни киселини ќе ги издвоиме БЦАА
- ВИТАМИНИ и МИНЕРАЛИ (за спортисти, рекреативци, но и за секој обичен човек кој внимава на своето здравје).
- ОМЕГА 3
- ГЛУТАМИН (регенерација и опоравок по напорниот тренинг)
- Кај мажи над 40 години – ТРИБУЛУС или други стимулатини суплементи за зголемување на тестесеронот во телото.
- Топачи на масти – како најпопуларен е Л Карнитинот (во прав или течна состојба), но наша препорака се комплексите од состојки кои се докажани во своето дејство ( xtreme thyroburn, levro lean, bad ass cuts, anabolic cuts).
- Протеински кремови – доколку тешко внимавате на исхраната, а шеќерите Ви се незаменливи, сепак има решение, протеинските кремови “WOW” или “PROTEIN SPREAD” збогатени со здрави шиа масти, без шеќери.