Намалете ги калориите
Една од најпопуларните стратегии за намалување на тежината, аи повеќето експерти веруваат дека успешното управување со Вашата тежина се сведува на едноставна равенка: Ако внесувате помалку калории отколку што согорувате, губите тежина.
Звучи лесно, нели? Тогаш, зошто губењето на тежината е толку тешко?
Кога намалувате калории, можете да намалите тежина првите неколку недели. Тоа е затоа што кога слабеете, губите вода, маснотии, Вашиот метаболизам забавува и Вашето тело се менува на различни начини. Значи, за да продолжите да намалувате тежина секоја недела, треба да продолжите со кратење калории.
Јадењето на 100 калории сируп од пченка со висока фруктоза, може да има различен ефект врз Вашето тело отколку да јадете 100 калории брокула. Многумина од нас не јадат секогаш само за да задоволат глад. Исто така, се обраќаме кон храна за удобност или за ослободување од стресот – што може брзо да го наруши секој план за слабеење.
Контрола врз емоционалното јадење
Не секогаш јадеме едноставно за да задоволиме глад. Премногу често, ние се вртиме кон храна кога сме под стрес или вознемирени, што може да ја уништи секоја диета и да ги зголеми килограмите.
Дали јадете кога сте загрижени, ви е досадно или сте осамени?
Дали јадете пред телевизорот на крајот на стресниот ден?
Препознавањето на Вашите емоционални предизвикувачи на јадење може да направи голема разлика во Вашите напори за слабеење. Ако јадете кога сте под стрес- најдете начини да се смирите. Обидете се со јога, медитација, топла бања. Обидете се да шетате, да слушате енергична музика или кратко да преспиете. Осамени сте или ви е досадно – повикајте пријател кој ќе Ве тера да се смеете, однесете го Вашето куче на прошетка или одете во библиотека, трговски центар каде и да има луѓе.
Практикувајте паметно јадење !!!
Намалувањето на вишокот на килограмите може да го забрзате со правилна исхрана и топачи на масти.