Суплементација

Која е најдобрата диета за здраво слабеење?

Во која било книга со диети која ги содржи одговорите за успешно губење на вишокот на килограми или за одржување на тежината, содржи најразлични податоци на пр. некои тврдат дека клучот е да се јаде помалку и да се вежба повеќе, други велат да се внесува помалку маснотии е единствениот начин, додека трети пропишуваат отфрлање на јаглехидратите. Па, што да веруваш?

Вистината е дека не постои решение „една големина да одговара за сите“ за трајно здраво слабеење. Она што работи за едно лице може да не работи за Вас, бидејќи нашите тела се разликуваат: различно на различна храна, во зависност од генетиката и другите здравствени фактори. За да го пронајдете методот за губење на тежината што е соодветен за вас, најверојатно ќе одвоите време и ќе ви треба трпеливост, посветеност и некои експериментирања со различна храна, диети и суплементација.

За да се изгубат вишокот на килограми​​, за почеток наједноставно е да избегнете пржена храна и исфрлете ги  рафинираните јаглехидрати и сл. Затоа не се обесхрабрувајте ако диетата што работела за некој друг не работи за Вас. И немојте да се откажувате ако диетата е премногу рестриктивна за да се справте со тоа. На крајот на краиштата, диетата е вистинска за Вас само ако се придржувате постојано, во континуитет.

Запомнете: иако не постои лесен начин за губење на тежината, има многу чекори што може да ги преземете за да развиете поздрава врска со храната, да ги спречите емоционалните предизвикувачи на прејадување и да постигнете здрава тежина.