Добра вест за љубителите на ММА во Македонија ги повикуваме да дојдат и да тренираат во ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ ПРОФЕСИОНАЛЕН ММА КЛУБ во спортската сала во Центарот за боречки вештини во “Д Стронгест” кој се наоѓа на ул: Емил Зола бр. 10а во Кисела Вода, под водство на Алексовски Ивица и Стефан Пецевски.
Програма за тренинг
Програмата е составена од неколку дела :
1. Техники во стоечка положба;
2. Техники во клинч;
3. Техники на под;
Овие неколку дела од програмата ќе се надополнуваат, ќе се изведуваат посебно или комбинирано. Тренинзите ќе бидат конципирани така да на редовните членови им се овозможи изучување на техниките на оние начини на кои се изучуваат во светските центри за боречки вештини.
Ќе бидат застапени техники од боксот,кик боксот, таи боксот, бразилската џиу џица, борењето, каратето, џудото итн.
Тренинзите ќе бидат организирани во согласност со стратегиите во ММА борбите. Тука може да ги вброиме:
– Sprawl and brawl – ове е тактика,стратегија каде што борецот се труди да биде постојано во стоечка позиција, а да избегнува борба на под. Овде најчесто спаѓаат борци кои имаат највеќе искуство во бокс, таи бокс, кик бокс, карате итн.;
– Клинч борба – борбата во клинч им “лежи” повеќе на џудисти, борачи или борци од таи боксот. Во оваа стратегија на борба борецот се труди цело време да го држи до себе противникот и притоа да се обидува да го собори на земја, да зададе удар со рака или нога, а по можност да направи и некој зафат. Борците кои го владеат клинчот ќе бидат ефективни против борци кои се добри во удари со рака и нога.
– Ground and pound – оваа стратегија ја имаме кога едниот борец го соборува другиот борец на под , се труди да заземе доминантна позиција на контрола и при тоа да задава удари со тупаница или лакт.
– Submission grappling – оваа стратегија е слична на предходната, но овде борецот по соборувањето на противникот на под, се труди да направи некој зафат и со тоа ја добие борбата.
Во зависност од методот тренинзите ќе бидат кружни, тренинг на станици, комбинирани итн.
Општата концепција на тренингот ќе биде составена од :
1.Вовед во тренинг
– трчање – за зголемување на општата кондиција;
-истегнување на сите мускули во стоечка позиција и истегнување на под – за поголема флексибилност;
– загревање на целото тело – за полесно изведување на техниките и намалување на повредите;
– скок на јаже со различно темпо;
– изведување на рачни удари во место;
– изведување на истите удари во движење напред, назад, во страна и во кружно;
– изведување на удари со нога во место;
– загревање со истите удари во движење напред, назад, во страна и кружно;
– движење на под – назад, во страна, напред и кружно;
– движење на под со партнер;
2. Главен дел
Во вој дел од тренингот ќе бидат застапени различни видови на концепти во зависност од месечниот план.
Доколку се изучуваат техники на изведување на удари тренингот ќе биде составен од ( неколку примери ) :
– комбинирање на удари со рака и нога во место со повеќе повторувања;
-комбинирање на удари со рака и нога во движење;
-шадоу боксинг (борба со замислен противник) – неколку рунди по 5 минути…комбинирање на сите удари со рака и нога во сите позиции (напред,назад,во круг, во страна), избегнување на напад, контрирање итн.;
– комбинирање на удари во парови ( со лесен или со целосен контакт );
-изведување и примање на удари во секој дел од телото за зајакнување на целото тело;
-комбинации на рачна и ножна техника на фокусери;
– кобминации на рачна и ножна техника во парови.
– увежбување на проценка на растојанитето до противникот;
-договорен спаринг со комплетна опрема со точно договорени удари;
-спаринг – неколку рунди по 5 минути со менување на спаринг партнери пред почетокот на секоја рунда.
Благодарение на ММА борбите поточно на Ултимејт фајтот, денес бразилската џиу џитца е многу популарна низ целиот свет. Познатата фалимија Грејси се најзаслужни за развојот на овој спорт денес. Тие ги освоиа првите шампионати во УФЦ и со тоа стекнаа голема популарност. Денес БЏЏ е дел од секое натпреварување во мешаните боречки натпревари како што е УФЦ или М1. Програмата што се тренира е конципирана според светската програма за бразилска џиу џица.
Доколку на тренингот се изучуваат техники од клинч и борба на под тогаш програмата е составена од :
– движења на под, движења со изведување на напад (рачна техника или зафат);
– фрлања и чистења ;
– контрола во гард, напад и одбрана од зафат и удари;
– поминување на гард, подобро позиционирање;
– контрола од странична позиција, изведување на удари, блокирање на удари;
– контрола од маунт позиција, изведување на удари, блокирање на удари;
– ослободување од гард, странична позиција, маунт и зафат од позади на под;
– техники на гушење;
– техники на напад – триаголник, кимура, лост на рака, лост на колено, лост на стапало, зафат за гушење на врат итн….;
– техники на одбрана – ослободување од зафат при триаголник, кимура, лост на рака, колено, стопало, ослободување од маунт позиција, страницна позиција, зафат од позади итн….;
– борба во станата позиција – спаринг без изведување на удари (граплинг);
– борба на под ( граплинг, спаринг без удари);
– динамички мулти комплексни вежби за подобрување на техниките, за зголемување на аеробната и анаеробната способност, подобрување на структурната поставеност при зафат итн.
Исто така треба да напоменеме дека покрај техничкиот дел, на редовните тренинзи голема важност ќе се посветува и на физичката подготовка. Овде ќе преовладуваат разни динамички вежби кои се комплексни и многу често нивното изведување е многу напорно. Можеме да кажеме дека тренинзите ќе бидат се високо квалитени и напорни. Благодарение на опременоста на салата ќе се изведуваат тренинзи за зголемување на физичката способност со помошни средства ( кетбели, вратила, јажиња, тегчиња, вреќи во облик на човек, медицинки итн.), со помош на партнер, на боди билдинг справи кои ќе бидат сместени во салата итн.
Сакаме да нагласиме дека техниките, концептот на тренинзите, дозирањето, квалитетното напредување како на физички,така и на технички план ќе биде цело време во прогресивна нагорна линија благодарение на семинарите кои ќе ги одржуваме во Македонија, благодарение на нашето присуство на семинари кои се одржуваат надвор од Македонија, благодарение на искуството што го имаме и искуството што ќе го стекнуваме преку нашите представници во мма и граплинг борбите. Секој наш член ќе има привилегија неколку пати годишно да присуствува на семинари, приватни тренинзи со светски познати мајстори кои се наши големи пријатели и подржувачи. Тие мајстори имаат големо искуство во мма борбите, имаат големо искуство во припремата на борци за овој вид на борба, имаат големо искуство воопшто во светот на мма.