Избирањето на ужини треба да биде паметно. Наместо да посегнувате по слатки нездрави работи, нездрави грицки, изберете здрава ужина помеѓу оброците, нека тоа ви биде вашето тајно оружје. Со здрава ужина не само што ќе ја задоволите вашата желба, туку ќе го зголемите внесот на хранливи материи кој му се потребни на вашето тело. Еве неколку примери:
1.Немасен јогурт-грчки јогурт, шака бадеми или немасно сирење. Со внесување на овие прозиводи во вашиот организам ќе внесете калциум.
2.Банана, сладок компир, сос од домати, цвекло, сок од портокал. Доколку сакате да го внесoте калиумот во Вашиот организам конзумирајте ги овие производи.
3.Семки од тиква, какао во прав-темно чоколадо, путер од сусам, семки од сончоглед, индиски орев. Сите овие продукти содржат голем број на магнезиум.
4.Свеж зеленчук и овошје содржат голем број на растителни влакна.
5.Витамин Е го има во темно зелен зеленчук, жолтото овошје, авокадо и јаткасти плодови.
6.Црешите, јагодите, црвена пиперка, зелка, диња, киви, портокал, изобилуваат со витамин Ц.
7.Витамин А го има во морковите – морковот помага во намалување на желбата за благо.
8.Фолна киселина ја има во спанаќот,брокулата, карфиолот.
9.Витамин К се наоѓа во зелениот чај, зелката, прокељот.
10.Витамин Ф го има во ленено семе,соја,кикириките,оревите.
Превземено од TheHealthyFood.mk